При извршениот претрес, кај поранешниот шеф на петтата управа во МВР, Горан Грујевски пронајден е нотес со евиденција – кој сведок во колку часот влегува во СЈО и од кој обвинител е испрашуван, изјави обвинителката Ленче Ристеска на денешното сослушување во Апелациониот суд.
Како што кажа обвинителката Ристоска, одземен бил компјутерот на Грујевски каде имало креирана папка со наслов „СЈО“ каде стоеле упатства како да се однесуваат лицата кои биле повикани да дадат исказ во Специјалното јавно обвинителство.
Според Ристоска, во нотесот има информации за следење на обвинители од СЈО, Грујевски една недела внесувал податоци до поднесување на обвинението.
Одбраната тврди дека СЈО може да ја загрози државната безбедност.
Горан Грујевски, обвинет во случаите „Таргет“ и „Тврдина“ за злоупотреба на службена положба, злосторничко здружување и фалсификување службена исправа, не се појавуваше на рочиштата во суд и во СЈО со причина дека боледувал од депресија и анксиозност.
За СЈО, депресијата и анксиозноста не биле причина да не се појува никаде. Грујевски не се појави ни на денешното сослушување во Апелациониот суд, присуствуваа само неговите адвокати.
Виктор Јованов