Пита со боровинки

Од:

Вкусна виолетова пита …

Потребно е:
за тестото:
100 гр шеќер
400 гр остро брашно
1 прашок за пециво
200 гр путер
2 жолчки
прстофат сол
изрендана кора од лимон
2 лажици кисела павлака

за филот:
500 гр боровинки
2 лажици кафеав шеќер
сок од 1 лимон
2 лажици нишесте

Подготовка:
– Боровинките ставете ге во еден сад и додадете го сокот од лимон, шеќерот и нишестето.

– Во еден сад ставете ги брашното, шеќерот, солта, прашокот за пециво, изренданата кора од лимон и путерот исецкан на коцки.

– Со прсти истријте го путерот во брашното додека да добиете ронливо тесто. Додадете ги жолчките и павлаката и замесете тесто.

– Тестото поделете го на два дела. Едната половина ставете ја во замрзнувач. Втората половина ставете ја на набрашнета работна површина и со сукало развлечете ја во форма на круг.

– Кората ставете ја во калап за печење (18х33 см) кој претходно сте го обложиле со хартија за печење и премачкале со путер. Убаво притиснете ја со прсти.

– На кората распоредете ги боровинките.

– Вториот дел од тестото извадете го од замрзнувач и изрендајте го над боровинките.

– Ставете да се пече во загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 45 минути.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска