Белгија треба да се повлече од операцијата „Софија“ на ЕУ во Средоземно Море, изјави белгискиот државен секретар за азил и миграција, Тео Франкен.
Според него, бродовите на европските воени морнарици, испратени во регионот за борба против шверцот со луѓе и оружје, ги привлекуваат незаконските мигранти.
Франкен инсистира Италија да склучи спогодба со Либија и Тунис за враќање на мигрантите во Африка.
Белгија со Италија потпиша спогодба, според која мигрантите и шверцерите на оружје кои ќе бидат фатени во морето ќе бидат предавани на италијанските власти.
Белгиската Воена морнарица на своите екипажи, учесници во мисијата, им наредила да им помагаат на пловните објекти во неволја, но не и да ги водат кон европскиот брег.
Белгиското Министерство за одбрана појаснува дека нивната фрегата во Средоземно Море веројатно следната година нема да се приклучи кон мисијата доколку постојните услови останат непроменети. Засега бродовите на државите од ЕУ немаат право да навлегуваат во либиските територијални води и затоа не можат во неа да ги враќаат мигрантите, од каде тие тргнале на својот пат преку море.
Статистиката покажува дека за еден месец белгиската фрегата од водите на Средоземно Море спасила 118 мигранти.