Во Крива Паланка се асфалтираат две улици

Од:

Асфалтирана е една, а се работи и на другата улица во кривопаланечката населба „Трештен дол“, со средства обезбедени од буџетот на локалната самоуправа, информира градоначалникот на Крива Паланка, Арсенчо Алексовски, кој изврши увид на работите на терен.

Асфалтирањето е во рамки на Програмата за изградба, реконструкција и оддржување на локалната патна инфраструктура за 2017 година.

– Едната улица во горниот дел на населбата е целосно асфалтирана. Истата беше тешко пристапна за да се достави градежниот материјал и асфалтот, но работата е успешно реализирана. Се работи и на поставување асфалт на уште една улица во долниот дел во овааа населба, каде е изградена и одводна канализациска мрежа, па се асфалтира, изјави Алексовски.

Жителите од населбата, како што рече, имале барања за асфалтирање на едната улица, а реконструирани се две улици.

– Активностите од Програмата за изградба, реконструкција и заштита на локалната патна мрежа имаат за цел подобрување на условите за живеење на жителите на сите делови од општината и со истата тековно се рехабилитираат делови од улички во градските и приградски населби,а се врши и крпење на ударни дупки, додаде Алексовски.

Во рамки на тековната програма се работи и на санација на помали делови или краци од постоечки улици, а деновиве е извршено и обележување на хоризонталната патна сигнализација на главната улица „Свети Јоаким Осоговски“

Би можело да ве интересира

Тешко повреден рудар од Крива Паланка

Во несреќен случај загина маж од Крива Паланка

Жена со здравствени проблеми нападнала негувателка, а потоа предизвикала пожар и починала

А1он

Пуштен патот Крива Паланка -Деве Баир, Николовски најави повеќе нови проекти

Предраг Петровиќ

Наум Поцев го фати чесниот крст од водите на Крива Река

А1он

Селото Дренак во кривопаланечко десетина дена е отсечено поради снегот