Најмалку девет лица загинаа, а околу 40 се сериозно повредени вчера во стампедо на стадионот Демпа Диоп во главниот град на Сенегал, Дакар, на кој се играше финалниот натпревар на Лига купот.
Навивачите на тимовите УС Оукам и Стаде де Мбоур се судирија едни со други, а интервенираше полицијата, која употреби солзавец за да ги растера.
Гледачите на натпреварот во паника се упатила кон излезите, а дел од трибните се урнале, што доведе до несреќата.
Претседателот на Сенегал, Маки Сал објави на Твитер дека оние кои стојат зад трагедијата ќе бидат казнети.