Папата Франциско остави порака на влезната врата од својот скромен стан во Ватикан, со текст: НЕ КУКАЈТЕ.
На италијански јазик и букви во црвено-сина боја пишува дека „прекршителите страдаат од синдром на постојано чувство на жртва како и од недостиг од хумор и способност за решавање на проблеми“.
Фотографијата е објавена на интернет страницата Ватикан Инсајдер, а ја потврди и уредникот Андреа Торинели, новинар близок до папата Франциско.
„Казната се зголемува ако прекршокот се направи во присутност на деца. За да извлечете најдобро од себе, фокусирајте се на својот потенцијал, а не на своите ограничувања“, пишува во текстот.
И, на крајот порака:
– Престанете да кукате и подобрете го својот живот.