Тетовчанка злоупотребила изгубена платежна картичка за купување од интернет

Од:

Полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против А.Љ. (20) од Тетово поради постоење основи на сомнение за злоупотреба на изгубена платежна картичка за купување од интернет.

Пријавената, како што информира потпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски казненото дело „неовластено навлегување во компјутерски систем“ го сторила на четврти јануари годинава.

Со цел стекнување противправна имотна корист пријавената од сопствениот лап-топ компјутер, од својот дом во Тетово неовластено навлегла во електронскиот систем на изгубена „VISA Electron“ платежна картичка издадена од НЛБ Тутунска банка АД Скопје, регистрирана и сопственост на жител на кичевското село Трапчин Дол.

Претходно во Тетово пријавената А.Љ. случајно ја забележала платежната картичка што вистинскиот сопственик ја загубил. Го искористила бројот и кодот од пронајдената платежна картичка и со 33 временски поврзани електронски трансакции извршила трансфер на парични средства кон правното лице „Али Експрес“ во вкупен износ од 11.142 денари.

Би можело да ве интересира

Уште се полавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

ЦУК: Се појавија свлечишта, но се поплавени куќи и патишта во Битола, Тетово и Гостивар

Забрана за автобуси на патот Тетово – Попова Шапка

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Расправија во кичевско прерасна во напад – ранетиот итно е пренесен во Скопје

Горан Наумовски

По подобрувањето на воздухот, МЖСПП ги прекина мерките во Кичево