Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер ќе игра во финалето на Вимблдон, откако во второто полуфинале го победи Томаш Бердих од Чешка со максимални 3-0 во сетови.
Првите два сета Федерер ги доби во тај-брејк со по 7:6, а во третиот беше 6:4.
Швајцарецот во финалето ќе игра со Хрватот Марин Чилиќ.
Машкото финале на програмата е в недела, а утре во женска конкуренција за трофејот ќе играат Гарбине Мугуруза (Шпанија) и Венус Вилијамс (САД).