На Дебарско Езеро обука за спасувачи на вода

Од:

На Дебарско Езеро во тек е обука на спасувачи на вода, која ја спроведуваат искусни нацинални инструктори.

– На обука се десет млади дебарчани и истата се одвива според планираната динамика. Потоа ќе полагаат и ќе добијат соодветен цертификат, вели Горан Миланоски, национален инструктор за спасувачи на вода.

Оваа активност ја реализира Општинската организација на Црвен крст на Дебар, во соработка со татковинското друштво „Дибра“ на дебарските иселеници во САД.

– Благодарение на споменатото друштво конечно на Дебарско Езеро ќе има спасувачи на вода. Нашинците од САД ги обезбедија финансиските средства за престојот на спасувачи на брегот на Дебарско Езеро во текот на летната сезона, вели Исни Телќиу секретар на дебарскот Црвен крст.

На брегот на Дебарско Езеро во летниот период дневно има со стотици капачи, за време на викендите и околу две илјади и функцинрањето на спасувачка екпа е неопходно.

Телќиу потсетува дека пред десеттина години организацијата имала свои обучени спасувачи на вода и нормално функционирала екипа на брегот на езерото.

Но, додава тој, поради недостиг на потребните средства, изминатите неколку години, дебарските спасители наместо на Дебарско биле ангажирани на брегот на Охридско Езеро.

Сега, според Телќиу, ќе се комплетира потребната бројка и се очекува што побрзо ќе почне со својата активност.

Би можело да ве интересира

Штипјанец низ Дебар возел со 1,81 промили алкохол во крвта

Маж од Кичево истепал адвокат во судница

Уапсена e жена во Дебарско, предизвика пожар на сува трева

А1он

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Поради сообраќајка, во прекин е сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Жена од Штип го принудила внукот да питачи во Дебар