Најдобриот македонски тенисер Томислав Јотовски ќе игра во полуфиналето на ИТФ фјучрсот во Телави, Грузија што се игра за награден фонд од 15.000 долари.
Македонецот денеска во четвртфиналето го победи домашниот тенисер Георге Цивадзе со 2-1, по сетови 4:6, 6:2 и 6:2.
Во полуфиналето Јотовски (8.носител) за противник ќе го има вториот носител Федерико Зебалос од Боливија кој денес во четвртфиналето го совалда Олександр Биелински од Украина со 6:2 и 6:1.