Премиерот Заев се сретна со иранскиот амбасадор Карими

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, денеска се сретна со амбасадорот на Исламска Република Иран Хоссеин Карими.

Амбасадорот Карими во име на претседателот на Иран Хасан Рохани, пренесе честитки до премиерот Заев за стапувањето на должност претседател на Владата на Република Македонија, за мирната разврска на политичката криза и за новата реформска Влада што ја доби Република Македонија.

Како што информираат од кабинетот на премиерот, на средбата било оценето дека по изборот на новата Влада постои поттик на нови програмски решенија, со позитивни идеи и позитивна енергија, што можат да ја придвижат земјата напред, во интерес на граѓаните на Македонија и коишто отвораат можности за продлабочување на соработката со Иран.

– Владата е определена низ инклузивни политики да овозможи економска стабилизација на државата и реализација на стратешките цели на земјата, членство во ЕУ и НАТО. Исто така, Владата е ориентирана кон добрососедски односи во регионот и развој на мегународната соработка, со цел отворање можности за соработка во области значајни за граѓаните, рече Заев.

На средбата се потенцирани како вредност политиките на новата Влада за едно општество на сите граѓани, кои ги зближија граѓаните во решавањето на нивните проблеми и потреби и кои се порака во светски рамки дека различностите по која било основа, можат да бидат предност за една земја, доколку за тоа постои искрена политичка волја.

На состанокот, исто така, било разговарано и за создавање можности за поефикасна економска соработка, како и соработка на полето на туризмот.

Би можело да ве интересира

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“

(ВИДЕО) Aндоновска: Заев, Филипче и Николовски, дозволиле 2.000 тони пченица и јачмен од државните резерви да заврши на црниот пазар

Горан Наумовски

Манасиевски: Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани, инкасирале милионски суми од ископ на јаглен

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија

ВМРО-ДПМНЕ: Потпишувањето на бугарскиот договор не е политичка волја туку финансиски интерес на Заев