МТСП: Утврдени прекршоци во Агенцијата што измами студенти за посредување при вработување

Од:

Инспектори од Државниот инспекторат за труд, кои од вчера на терен го истражуваат пријавениот случај за измамени студенти од Агенцијата за посредување при вработување во земјата и во странство со наплата „Венера“ Битола, утврдиле одредени прекршоци. Јавноста ќе биде известена во понеделник за сите детали, откако ќе биде комплетиран извештајот од инспекцискиот надзор, соопшти денеска Министерството за труд и социјална политика.

Претходно, стои во соопштението од МТСП, се извршени неколку вонредни инспекциски надзори во работата на Агенцијата при што се утврдени неправилности во работењето, но претходните министри не постапиле согласно со наодите од утврдената фактичка состојба.

Последната инспекција била извршена на 5-ти овој месец при што е евидентиран прекршок и е изречена глоба, информираат од ресорното Министерство од каде го претставуават на увид и записникот од надзорот.

Би можело да ве интересира

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Нема веќе предвремена исплата, пензиите како пред пандемијата

Катерина Ѓуровски

МТСП: Пензискиот фонд е стабилен, да не се креира страв кај пензионерите

МТСП: Социјалните партнери постигнаа значителен напредок во преговорите за раст на платите во јавен сектор

МТСП: Во тек е исплата на образовниот додаток за трет мерен период за учебната 2022/2023 година

Ана Ололовска