Многу е вкусна, а брзо ќе ја подготвите …
Потребно е:
140 гр чери домати
1 конзерва сецкани домати
1/2 чаша (од 250 мл) супа од зеленчук
1 главица кромид, ситно сецкан
2 чешниња лук
2 лажичиња куркума
1 лажиче кокосово масло
1/2 лажиче сол
1 лажиче сув босилек
1 лажица јаболков оцет
бибер
разни семки
Подготовка:
– Во сад на рингла на загреано масло пропржете го кромидот и пред крј додадете го и сецаното лукче.
– Додадете ги чери доматите и куркумата и динстајте додека да омекнат доматите.
– Потоа додадете ги доматите од конзерва заедно со течноста, зеленчуковата супа, босилекот, оцедот и продолжете со варењето уште околу 10 минути.
– Оставете ја супата малку да се излади и изблендирајте ја во блендер или со рачен миксер.
– Додадете сол и бибер по вкус, а пред да ја послужите во секоја чинија додадете и малку семки по избор.