Њујоршкиот музеј Метрополитен, којшто освен главната зграда на Петтата авенија на Менхетн, има и две филијали – Мет Клосјерс и Мет Бројер, имал вкупно седум милиони посетители во текот на изминатата фискална година, која заврши на 30 јуни.
Драстичното зголемување на тој број се должи на отворањето на Мет Бројер, кој го посетиле 505.590 луѓе, oбјави управата.
Изложбите, како што се „Ерусалим 1000 – 1400“ и „Макс Бекман“, имаа по околу 200.000 посетители, додека пак „Времето на империјата: Кинеската уметност во времето на династија Кин и Хан“ (досега) има 300.000 посетители, а нејзиното затворање е на 16 јули.
Рекордот го држи изложбата под наслов „Изложба на модата во добата на технологијата“, затворена на 5 септември 2016 година, со 752.995 посетители.