Одделението „Дрвореди“ на ЈП „Паркови и зеленило“ во понеделник ќе изврши сеча на едно суво дрво на улицата „Македонија“, кај спомен куќата на Мајка Тереза и на две суви дрвја на бул. „Климент Охридски“ спроти бензинската на Макпетрол.
Како што информираат од Јавното претпријатие, дрвјата ќе се сечат од безбедносни причини бидејќи се стари, деградирани и оштетени.