Треневски: Имаме активен резултат пред реваншот

Од:

Шефот на стручниот штаб на Работнички, Виктор Треневски, изрази задоволство од тимскиот дух што неговите избраници го покажаа на дуелот со Динамо Минск.

Посочувајќи го отсуството на Шиков како голем проблем за дефанзивната линија, Треневски сепак е задоволен од конечниот исход со кој „романтичарите“ остануваат во игра за пласман во следната квалификациска рунда.

– Ако се земе во предвид текот на натпреварот секако дека треба да сме задоволни од крајниот исход, кој ни дава надеж и активен резултат пред реваншот во Минск. Јасно е дека Шиков многу ни недостигаше, тоа беше очигледно на оваа средба. Сепак, задоволен сум што игравме со срце и дури и со фудбалер помалку ја надоместивме негативата. Што се однесува до реваншот, одиме во Минск да се обидеме да се пласираме во следното коло, рече Треневски на прес-конференцијата по натпреварот.

Работнички вчеравечер одигра нерешено 1:1 со Динамо Минск во првиот дуел од второто квалификациско коло за Лига Европа. Реваншот во Белорусија е на 20 јули.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска