Повеќе од 40 жени од Косово се придружиле на терористички групи во конфликтите во Сирија и во Ирак, истакнато е на денешната тркалезната маса, организирана од косовскиот Центар за безбедносни студии на тема „Зајакнување на улогата на жената во спречувањето на насилниот екстремизам“.
Со оваа бројка Косово се подредува на второ место на Балканот, по Босна Херцеговина,од каде во овие конфлктни зони се вклучени 60 жени.
Таибе Цаноли од Здруженето на жени во рамки на полицијата на Косово изјави дека според податоците со кои располагаат, на терористичката Исламска држава до сега и се придружиле 44 жени и 37 деца од Косово. Според неа во Косово се вратиле само седум жени.
– Освен оние кои заминале на тамошните бошта има и одреден број на деца кои се родени таму. Имајќи го во предвид ова, неопходно е зајакнување на улогата на жената во спречувањето на есктремизмот,-смета Цаноли.
Според неа Здружението на жени на косовската полиција е партнер во имплементацијата на спречувањето на насилниот екстремизам.
– Ни Косово не е изземено од екстремизмот. Реакцијата на институциите во земјава донесоа успешни резултати. Полицијата направи одлична работа зашто со многуте апсења многу придонесе во спречување на екстремизмот, оцени Цаноли.
Таа додаде дека тероризмот како појава ги опфаќа сите слоеви.