А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Вучиќ: Се надевме дека Атина и Скопје ќе направат договор со кој сите ќе бидат задоволни

by А1он13/07/2017 - 16:18146
Share0

Ние не треба да ги решаваме проблемите кои ни други не се во состојба да ги решат, рече српскиот претседател Александар Вучиќ на денешната прес-конференција во Солун со грчкиот премиер Алексис Ципрас, одговорајќи на новинарско прашање дали Белград може да биде посредник во спорот за името меѓу Грција и Македонија.

Добивај вести на вибер

Прашан дали се согласува со изјавата на шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ дека признавањето на Македонија под уставното име била грешка и дали има план таа одлука да се смени, Вучиќ рече дека не сака пред странците да зборува кои биле причините за тоа, ниту да ги критикува претходниците.

– Да сакав да го критикувам или демантирам Дачиќ тоа ќе го направев досега. Но, ми се чини дека тоа не го направив, додаде српскиот претседател.

Посочи дека Грција не ја признала независноста на Косово и оти секогаш била со Србија кога и било тешко, а Белград во некој поранешен период не покажал доволно почитување за тој факт.

– Србија во иднина ќе се раководи од своите интереси и ќе им помага пријателски на оние кои се на нејзина страна и кои помагале во зачувувањето на принципот на меѓународното право. Во таа смисла грчките пријатели можат да сметаат на наша поддршка, изјави Вучиќ.

Вучиќ информира дека со грчкиот премиер Алексис Ципрас разговарал за сите прашања во регионот и изрази надеж дека Владата во Атина со Владата во Скопје ќе направи најдобар договор со кој сите ќе бидат задоволни. Тоа, според Вучиќ, би било многу значајно за регионот.

Во Солун денеска се одржува трилатерална средба на премиерите на Грција и на Бугарија, Алексис Ципрас и Бојко Борисов и на претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Пред трилатералниот Самит, претпладнето во Солун се одржа првата седница на Високиот совет за соработка меѓу Грција и Србија.

grcijavucic

Би можело да ве интересира

Уапсен Македонец во Грција, беснеел со мотор со 223 километри на час

Катерина Ѓуровски17/03/2026 - 09:1317/03/2026 - 13:06

Земјотрес во Грција

Предраг Петровиќ14/03/2026 - 09:27

Вучиќ: Каква хистерија во Хрватска поради една ракета, а останатото не го ни виделе

Предраг Петровиќ14/03/2026 - 00:4013/03/2026 - 20:36

Вучиќ: Убиството на Ѓинѓиќ беше огромна трагедија за земјата

Горан Наумовски12/03/2026 - 22:01

Мицотакис: Грција ќе ги ограничи маржите на горивото и производите од супермаркетите

Горан Наумовски11/03/2026 - 12:28

Маринакис: Грчката Влада ги следи случувањата на Блискиот Исток, не постои причина за загриженост

А1он02/03/2026 - 18:01
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен