Припадник на мировната мисија на ОН и Африканската унија во суданската област Дарфур уби четворица соборци и рани еден.
– МОжам да потврдат дека четворица припадници на УНАМИД се убиени и еден е повреден во огнот што го отвори еден од мировниците, рече портпаролката на таа мисија Ајша Елбасри.
Таа не ги наведе националностите на убиените, додавајќи дека е покрената истрага за инцидентот кој се случил во четвртокот во базата Мукџар во Западен Дарфур.