ЕК ја тужи Хрватска пред Судот на ЕУ поради Законот за ИНА

Од:

Европската комисија денеска одлучи да покрене постапка против Хрватска пред Судот на Европската унија, бидејќи не го променила Законот за приватизација на ИНА, кој на државата и дава право на вето во клучните случаи.

– Комисијата смета дека со посебните овластувања, што ги има државата согласно Законот за ИНА, несоодветно се ограничува слободното движење на капиталот и слободата на деловниот простор. Комисијата утврдува дека заштитата на безбедноста на снабдувањето со енергија е легитимна цел во јавниот интерес, што го има и ЕУ и оти со него може да се оправдаат ограничувањата на слободите наведени во Договоро за функционирање на ЕУ. Таквите ограничувања меѓутоа мора да бидат пропорционални. Во овој случај со Законот на ИНА на хрватската држава и се овозможува оспорување на важни одлуки на претпријатието, при што со ставањето вето не е потребно да се образложат можните загрозувања на снабдувањето или другите јавни политики или јавниот интерес, се наведува во соопштението на Комисијата.

Според Законот за ИНА, на државата и се доделени посебни овластувања во тоа претпријатие, вклучувајќи го правото на ставање вето на одлуката на претпријатието во однос на продажбата на акции или имот над одредена вредност.

Исто така државата може да се противи на важни одлуки на управата на ИНА, како што се промена на активностите на претпријатието, доделувањето концесија или овластувања и промена на адресата на неговот седиште.

– Комисијата смета дека таквото безусловно право на вето го надминува она што е нужно за заштита на безбедноста на снабдување со енергија и оти поради тоа е непропорционално, се наведува во соопштението.

ЕК нагласува дека Хрватска при пристапувањето во ЕУ презела обврска за усогласувањето на Законот за ИНА со правилата на ЕУ.

Би можело да ве интересира

Снег паѓа во северозападна Хрватска

Пленковиќ: Претседателските избори на 29 декември

А1он

ВИДЕО: Брод удри во гребен кај хрватски остров, мештаните ги спасуваа патниците

Предраг Петровиќ

Полицијата утрово врши претрес во домот на министерот за здравство на Хрватска

А1он

Хрватска набавува борбени дронови на Бајрактар: Вредноста на зделката е 95 милиони евра

Министерот за одбрана на Хрватска потврди: Набавуваме Бајрактар

Предраг Петровиќ