„Тревник“ пред Апелација: Одбраната бара да им биде вратен пасошот на браќата Павловиќ

Од:

По одлуката на Кривичниот суд да ја прифати предложената мерка од страна на СЈО за обезбедување на присуство односно одземање на патната исправа, обвинетиот Звездан Павловиќ одлуката ја обжали во Апелациониот суд. Тој е обвинет за бесправно градење на куќи во Зелениково. Станува збор за случајот „Тревник“ каде се обвинети браќата Павловиќ. Според СЈО се работи за изградени три викенд-куќи во општина Зелениково надвор од пропишаната процедура. Судија известител за предметот е Лилјана Ивановска Шопов.

„До денес во нашето правосудтво, не е поднесено вакво барање за вакво дело. Од аспект на покренато обвинение, од описот на дејствијата нема елементи за кривично дело кои се ставаат на товар кај обвинетиот. Тој поднел барање за градење и го добил, без разлика кога. Од самото обинение нема место за мерка претпазливост”, вели одбраната на Звездан Павловиќ, адвокатката Светлана Савиќ.

„Обвинителниот акт го добивме утринава. Органот на прогон, поднесува паушални барања. Од листингот на МВР можете да видите дека обвинетиот Павловиќ во изминатите 5-6 години два- три пати ја има напуштено државата. Сметаме дека ќе ја прифатите нашата жалба и дека ќе го вратите пасошот на невиниот човек“, вели вториот адвокат Анита Бегова.

Според Гаврил Бубевски од СЈО, поднесено е обвинение за бесправно градење. „Во ситуација кога аргументите треба да се соочат на главна расправа, судот усвои соодветна мерка која ќе доведе до решавање на случајот, а со која не му се несоодветно ускратени неговите права. Наведени се повеќе околности, а не само поминување на државната граница”, додава Гаврил Бубевски од СЈО.

На ова реагираше адвокатката на одбраната Савиќ која вели дека за некое поднесено барање треба да биде издржано со докази кои ги нема. Звездан Павловиќ немаше што да додаде.

Исто како и за Звездан, одбраната се жали и за мерката претпазловост која му е определена на Срѓан Павловиќ. Одбраната и тука тврди дека нема основи за кривично дело, укажувајќи дека доказите ги доставиле и пред СЈО, а истите ги немало никаде во понатамошната постапка. „Ова е тендециозна постапка. Во однос на степенот на сомнеж, одбраната достави докази дека ова не е дело за кое се гони. Не знаеме зошто упорно СЈО го тера овој предмет. Од истите причини, бараме овие мерки да бидат укинати“, укажа адвокатката Бегова.

Обвинителот Стевчо Донев укажа дека СЈО ги имало во предвид сите докази, а предложи жалбата да не биде прифатена.

Би можело да ве интересира

Апелација ја укина пресудата и го врати на повторно судење предметот против Мухамед Зеќири

Мијалков излегува порано од затвор, Апелација го врати предметот „Империја“ на повторно судење

A1on

Судски совет утре ќе одлучува да за враќање на Шабани во Кривичен суд до завршување на „Талир“ и „Титаник“

А1он

Судијката Ристеска се враќа во Кривичен суд до објавување на пресудата за Ласкарци

Александар Тодески

Судски совет ќе ја враќа судијката Ристеска во Кривичен суд за да го спаси предметот Ласкарци

Александар Тодески

Пендаровски: Судовите добро да ја проучат пресудата од Стразбур за Јанакиески, потребни се реформи

Александар Тодески