Зголемен обем на работа во летниот период на ЈП „Чистота и Зеленило“ во Куманово

Од:

Јавното претпријатие „Чистота и Зеленило“ во летните месеци бележи зголемен обем на работа во однос на зимскиот период, за приближно 20 проценти, информираше денеска директорот на претпријатието, Сашо Петрушевски.

Обемот на работатa, според проценките на надлежните се должи, пред се поради зголемениот број на домаќинства, особено во првата зона од градот, поради делумното враќањето на печалбарите во летните месеци како и поради засилената флуктација на населението во градот.

– Фрекенцијата е зголемена, особено во првата зона, каде што неколкукратно ги чистиме контејнерите, но постојано се ангажираат екипи кои го собираат сметот. Апелирам до граѓаните во летниот период, на вакви високи температури да обрнат посебно внимание како и каде го фрлаат сметот, изјави Петрушевски.

Во првата и втората смена, појасни, ангажирани се по 12 камиoни за депонирање и изнесување на смет, а во третата еден. Воедно, ангажирана е дополнителна механизација која е наменета за собирање на смет од тесните улици од градот.

На подрачјето на Куманово има поставено околу 900 контејнери од кои 100 се набавени преку различни донации.

Екипите на „Чистота и Зеленило“ Куманово, информираше Петрушевски во ноќните часови ги чистат улиците во градот. Улиците и булеварите од централното градско подрачје, нагласи се чистат согласно динамичниот план, но сепак акцент се става на главните сообраќајници од источната и западната страна на градот.

– Со старата цистерна која ја поседуваме ги полеваме зелено-цветните површини, каде што нема водоснабдување, како што се жардињерите и острвцата меѓу сообраќајниците, изјави Петрушевски.

Би можело да ве интересира

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Кандидатката за градоначалник на Куманово од „Искуство за успех“ вети три клучни проекти за развој на Куманово

Стоиљковиќ: „Братска листа“ во Куманово ја сочинуваат луѓе со интегритет, познати лица и професионалци

Шаини: Лага е дека мојата сопруга сака да ме убие

Горан Наумовски

Уапсена е сопругата на докторот кој вчера беше застрелан во Куманово, напаѓачот е во бегство

А1он

Докторот Шаини кој вчера беше ранет во центарот на Куманово е пуштен на домашно лекување