Вечерно искачување на „Водно“

Од:

„Почни со Водно“ е мотото на вечерашното организирано искачување на Водно, кое започнува во 19 часот од пред основното училиште „Кочо Рацин“ над Клиничкиот центар во организација на планинарското друштво „I love hiking-Guardians of Nature“. На врвот на Водно планинарското друштво организира забава со ди-џеј Славе.

– Мотото „Почни со Водно“, на социјалните мрежи и меѓу помладата популација изминативе неколку месеци стана препознатлив синоним за вечерните планинарско-рекреативни дружби кои секој четврток, во попладневните часови, во организација на скопското планинарско друштво „Го сакам планинарењето-Заштитници на природата“ се одржуваат на Водно. Уште од пролетва група планинари ентузијасти и членови на најмладото планинарско друштво во Скопје решија да ја реализираат својата идеја што поголем број на жители на Скопје да мотивираат да им се приклучат во планинарењето и да им ги откријат убавините на планините, спортувањето, дружењето во природата на сите оние кои посакале да планинарат, но досега не се охрабриле да го направат првиот чекор, велат од планинарското друштво.

Оттаму велат дека најдобро за оние што имаат волја да планинарат да почнат со искачување на врвот на Водно (1.067 мнв), што, како што посочуваат, е добар двоиполчасовен тренинг.

Од друштвото потенцираат дека се потребни спортски обувки и облека и доволно вода, како и ламби кои ќе овозможат непречено движење низ планината, а за безбедно движење низ природата, како и за забава, ќе се погрижат нивните членови.

Организаторите информираат дека вакви вечерни искажувања на „Водно се одржуваат секој четврток.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Снег на Водно, во неколку града и во скијачките центри

Катерина Ѓуровски

Ангелов: Пожари на две места на Водно и искршено стакло на продавница

Томески: Изгаснат е пожарот во планинарскиот дом на Водно

Пожар во планинарскиот дом на Водно

Горан Наумовски

Момче и девојче повредени во сообраќајка на Водно

Горан Наумовски

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно