ВМРО-ДПМНЕ обвинува за партизација на државата

Од:

Емилија Александрова од ВМРО-ДПМНЕ денеска од пред ЕУ Инфоцентарот обвини дека започнале чистките и бруталната партизација на државата од страна на СДСМ, а за која сметката ќе ја плаќаат граѓаните со свои пари.

-Во буџетот за нови привремени вработувања и други ставки со кои ќе се финансира партизацијата се предвидени повеќе од 100 милиони денари. Со овие пари на граѓаните Заев ќе ги плаќа фактурите кон оние кои му помогнаа да дојде на власт преку насилство и на нелегален начин, истакнува Александрова.

Таа обвини дека без никаква законска основа се разрешуваат луѓе од своите работни позиции за кои имаат договори, а се вработуваат партиски послушници.

– Наместо со парите на граѓаните да се подига стандардот и квалитетот на услугите во државата, повеќе од сто милиони денари ќе бидат искористени за Заев да им се оддолжи и на овие профитери кои глумеа невладин коректив на власта, за да се дограбат до фотелји и позиции, вели Александрова.

Тие од Европската унија бараат да остане принципиелна и да го осуди грубото партизирање на државата кое, според нив, е спротивно на сите европски стандарди и искуства.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Фрчкоски: ДКСК да ја прошири истрагата за Андоновски со новата фирма „Нома солушнс“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Фрчкоски: Трансформирање на тендери од 1,5 милиони евра во министерството на Андоновски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Мицкоски брутално ја задолжува Македонија – 4 милијарди евра за само две години

Филипче: За две години потрошувачката кошничка е покачена за околу 10.000 денари, а платите не мрдаат

(ВИДЕО) Филипче: Тажен почеток на училишната година, 3.000 помалку деца, 433 паралелки помалку, затворени 26 училишта

(ВИДЕО) Кузеска: Под радарот течат матни зделки на Мицкоски за дата-центри, а ВМРО-ОКГ со лаги ги прикрива

Горан Наумовски