„Ферари“ го развива својот прв СУВ – гласини или бласфемија?

Од:

„F16X“ е кодното име под кое „Ферари“ наводно планира да ги „издаде своите принципи“ и под кое ќе го развива своето прво кросовер возило.

Како што тврди „Car magazine“, легендарната италијанска компанија веќе некое време се занимава со овој проект во својата база во Маранело, а првиот СУВ во историјата на „Ферари“ треба да се појави на пазарот во 2021 година.

Иако лидерите на компанијата неколку пати досега говореа дека „ни мртви“ не би се впуштиле во трката за кросовери, извори на списанието тврдат дека, сепак, попуштиле. Секако, тие тоа не сакаат да го признаат.

Како и да е, се шпекулира за возило изработено на платформата GTC4Lusso, а под хаубата ќе има v8 хибрид.

Додека некои тврдат дека „Ферари“ нема целосно да попушти и дека „F16X“ ќе биде „граничен случај“ меѓу „крупно спортско купе“ и кросовер, магазинот „Мото 1“ со шпекулативен рендер наведува дека Италијанците ќе пробијат уште една своја црвена линија – „F-16X“ наводно ќе има пет врати.

Би можело да ве интересира

Златан Ибрахимовиќ покажа пеколна машина од 470.000, си купи Ферари за роденден

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

ВИДЕО: Инфлуенсер запали ферари од 370.000 евра