Гаврилов: Се кратат со ребалансот капиталните проекти, а се зголемуваат парите за угостителство

Од:

СДС со ребалансот на буџетот кратат 400 милиони денари од капитални проекти, а зголемуваат над 2 милиони денари во ставката угостителство, обвини денеска ВМРО-ДПМНЕ.

Коче Гаврилов од ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ рече дека имајќи предвид дека имаат објавено оглас за набавка на морски плодови и октоподи кои чинат 400.000 денари, наменети за гозби на функционерите на СДС, јасно е зошто ја зголемиле ставката Угостителство во ребалансот за над 2 милиони денари.

– Очигледно поважна им е храната што самите тие ја јадат, отколку капиталните проекти кои ќе бидат од корист на сите граѓани, рече Гаврилов.

Додаде дека нивната потреба за луксузирање, гозби и ручеци со морски плодови и октоподи, ја отсликува нивната негрижа и незаинтересираност за одговорно водење на државата.

– Очигледно на Зоран Заев и Пеце Мирчевски поважни им се октоподите и морските плодови отколку капиталните проекти кои се во корист на граѓаните. Луксузот и елитизмот, како и негрижата за државата се вечната навика која ја има СДС. Ова веќе граѓаните го имаат видено неколку пати кога на власт биле владите на СДС, рече Гаврилов на прес-конференцијата.

Според него ваквиот начин на недомаќинско работење е само потврда дека ниту имале намера, ниту имаат намера да работат во корист на народот. СДС, рече, работат само за нивните лични интереси и лични луксузирања.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Фрчкоски: ДКСК да ја прошири истрагата за Андоновски со новата фирма „Нома солушнс“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Фрчкоски: Трансформирање на тендери од 1,5 милиони евра во министерството на Андоновски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Мицкоски брутално ја задолжува Македонија – 4 милијарди евра за само две години

Филипче: За две години потрошувачката кошничка е покачена за околу 10.000 денари, а платите не мрдаат

(ВИДЕО) Филипче: Тажен почеток на училишната година, 3.000 помалку деца, 433 паралелки помалку, затворени 26 училишта

(ВИДЕО) Кузеска: Под радарот течат матни зделки на Мицкоски за дата-центри, а ВМРО-ОКГ со лаги ги прикрива

Горан Наумовски