Иако хемотерапијата се користи за убивање на клетките на ракот и за спречување на растот на тумори, една нова студија го тврди спротивното.
Група научници велат дека хемотерапијата како лек ја прави состојбата полоша, бидејќи може да доведе до ширење на клетките на ракот што предизвикува развој на тумори.
– Хемотерапијата е само краткорочно решение, бидејќи хемотераписките лекови ја зголемуваат можноста за мигрирање на клетките на ракот на други места во телото, се вели во студијата на тим научници од Медицинскиот факултет „Алберт Ајнштајн” од Њујорк, кој го спровел ова истражување.
Истражувањето, кое е спроведено на глувци, покажало дека бројот на клетките на карцином кои циркулираат во крвотокот е зголемен по хемотерапијата.
Главен автор на студијата, Џорџ Карагианис вели дека ваквите сознанија не значат дека лица кои боледуваат од рак треба да ја избегнуваат хемотерапијата, туку дека треба внимателно да го следат движењето на туморот.
Еден од пристапите предлага укинување на хемотерапијата по согледување на зголемени крвни маркери и хируршки зафат по кој би следела постоперативна хемотерапија во форма на апчиња или интравенозно.
Ова е прва студија која го прецизира начинот на ширење на ракот на дојката, но не е прва која укажува на тоа дека хемотерапијата може да поттикне секундарен рак (назнака за метастазирачка фаза на болеста).
Иако хемотерапијата во теоријата е совршена за убивање на малигните клетки, најчесто за тоа треба доза која би убила пациент. Поради тоа докторите препишуваат помали дози со што постигнуваат спротивен ефект, бидејќи тоа на туморозните клетки овозможува да станат имуни на лекот и да се шират на други органи.