Нов мебел за детската градинка „Росица“

Од:

ЈОУДГ „Росица“ од општина Ѓорче Петров во текот на летниот период обезбеди нов мебел за дечињата од објектите „Калинка“ и „Детелинка“. Градинката го комплетираше изгледот во овие два објекта со нови детски гардеробери, дидактички плакари, шкафчиња за сместување на детски кревети дизајнирани според желбите и потребите на корисниците.

Во објектот „Калинка“, комплетно е реновиран приемниот простор со поставување на ламинат и нови детски гардеробери, а во објектот „Детелинка“, по извршената монтажа на новиот мебел, ќе биде поставен и ламинат во двете крила на објектот. Исто така, ќе бидат поставени и нови теписони во делот н апросторот за одржување на приредби, кај бината и салата.

– Дел од објектот каде мебелот беше стар го заменивме со нов мебел. Со преземените интервенции во градинките, престојот на дечињата во нашата градинка е пофункционален. Овој проект е значаен за нас, а неговата целокупна реализација ја обезбедивме од сопствениот буџет и со поддршка од општина Ѓорче Петров која секогаш обрнува посебно внимание кога се работи за најмладата популација во општината, изјави директорката Ана Серафимовска.

Предвиденое е општинските комунални служби да реализираат и хортикултурно уредување на дворовите и да бидат заменети оштетените делови од детските игралишта.

Би можело да ве интересира

Почина дете во градинка во Бања Лука

А1он

Воспитувач во градинка во Лондон призна дека со години злоставуваше деца

А1он

Градинката каде што беше пронајден шприцот: Само едно дете има гребнатинка, можно е од гранка од оградата

Деца во градинка во Центар пронашле наркомански шприц во дворот, ја кршеле иглата и се гребеле

Предраг Петровиќ

Се градат 11 градинки со капацитет за 1.100 дечиња, вели премиерот Мицкоски

СДСМ: Нула нови градинки за 4 години во Аеродром, околу 700 деца чекаат за запишување секоја година