Запечена сарма од блитва

Од:

Подгответе го ова лесно јадење, нутритивно богато и одлично избалансирано …

Потребно е:
40 гр јачменова каша
1 кесичка Фант за полнети пиперки и сарма
15-тина поголеми листови блитва
400 гр мелено јунешко месо
60 гр панцета
1 тиквичка
150 гр кашкавал ајдамер
1 лажица пармезан
100 мл павлака за готвење

Подготовка:
– Јачменот сварете го во врела солена вода и исцедете го.

– Содржината на кесичката Фант измешајте ја со 100 мл вода и оставете да стои неколку минути.

– Листовите блитва кратко избланширајте ги и изладете ги во ладна вода.

– Подготвениот Фант додадете го во месото и убаво измешајте.

– Со овој фил од месо наполнете ги листовите и завиткајте ги сармите.

– Сармите наредете ги во намастена огноотпорна тава, полијте ги со павлака за готвење, посипете со изренданиот кашкавал и изренданиот пармезан.

– Ставете да се пече во загреана рерна на 200 целзиусови степени околу 30 минути.

– Послужете ги топли со свежа салата.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска