Палачинки од интегрално брашно, банани и киноа

Од:

Здрави палачинки кои може да ги послужите и за појадок …

Потребно е:
1 чаша (од 250 мл) сварена киноа
3/4 чаша интегрално брашно
1/2 лажиче цимет во прав
1,5 лажиче прашок за пециво
1/4 лажиче сол
2 јајца
1/2 чаша јогурт
2 лажици млеко по ваш избор (од бадем или од кокос)
2 лажици кафеав шеќер (може и мед или јаворов сируп)
1 лажиче екстракт од ванила
2 поголеми банани, испасирани

Подготовка:
– Измешајте ги брашното, киноата, циметот, прашокот за пециво и солта.

– Во друг сад измешајте ги јајцата, млекото, јогуртот, екстрактот од ванила и кафеавиот шеќер. Убаво изматете ги со маталка додека да добиете хомогена смеса.

– Во смесата со јајца додадете ги сувите состојки. Измешајте и додадете ги испасираните банани. Уште еднаш полека измешајте.

– На загреана и малку намастена тефлонска тава сипете од смесата. печете ги палачинките на умерена темепратура по 2 минути од секоја страна.

– Од оваа смеса ќе добиете 10 палачинки.

Совет: Ако сакате палачинки со вкус на чоколадо во смесата додадете 2 лажици какао во прав.

– Послужете ги со јаворов сируп, овошје, путер од кикирики или чоколадни трошки.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска