А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Катастрофалната меѓународна политика на Заев и Димитров секојдневно ги урива позициите на Република Македонија

by А1он12/07/2017 - 09:2612/07/2017 - 15:27120
Share0

„Република Македонија нема никаква полза од тоа што министерот за надворешни работи, Никола Димитров изрази жалење за изјавата на српскиот колега Ивица Дачиќ дека Србија направила грешка признавајќи ја земјава под уставното име.

Добивај вести на вибер

Катастрофалната меѓународна политика на Заев и Димитров која има заеднички именител „виткање кичма“ секојдневно ги урива позициите и достоинството на Република Македонија.

Секојдневно сме сведоци на бројни изјави на бугарски функционери кои го напаѓаат јазикот, идентитетот, културата на Република Македонија,

А, владата на СДС упорно молчи. Од бугарска страна се слави договорот и се потврдува дека Илинденското востание е бугарско, дека со договорот се става крај на македонизмот и дека децата во Македонија конечно ќе учат точна историја откако Заев ќе ги избрише книгите.

Граѓаните на Република Македонија имаат право да ја знаат содржината на договорот. Имаат право да знаат какви отстапки Зоран Заев има направено.

Затоа пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ упати писмо до премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи, Никола Димитров со цел да се дознае содржината на договорот, бидејќи пратениците во бугарското Собрание веќе добиле можност да направат увид и да го погледнат усогласениот договор.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, бара можност и пратениците во македонското Собрание во име на граѓаните да имаат увид во овој договор со цел да се избегне било каков сомнеж за содржината.

Вакви суштински, идентитетски прашања не смее да се решаваат зад затворени врати. Нетранспарентноста на Заев ги вознемирува граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ се залагало и ќе се залага за градење добрососедски односи со Бугарија, базирани на взаемно почитување без да се загрозат прашањата кои имаат идентитетски карактер за нашиот народ и нашата држава“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

dpmne

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Катерина Ѓуровски14/04/2026 - 11:10

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Катерина Ѓуровски31/03/2026 - 13:18

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Катерина Ѓуровски29/03/2026 - 12:08

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Катерина Ѓуровски21/03/2026 - 13:11

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Катерина Ѓуровски18/03/2026 - 11:12

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски09/03/2026 - 12:0709/03/2026 - 12:07
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто