ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Дескоска одлучија да го скратат буџетот за образование

Од:

„Владата на СДС не е реформска, туку антиреформска. Владата на СДС наместо развој, носи уназадување на сите општествени сфери, а особено на образованието.

По само еден месец на власт, Зоран Заев и Рената Дескоска одлучија да скратат буџетот наменет за образование за 1,5 милијарди денари.

ВМРО-ДПМНЕ од 2006-та година до денес во континуитет го зголемуваше буџетот за образование, за од некогашните 13 милијарди денари во време на СДС, да дојде на годинешните 25 милијарди денари, средства кои подеднакво се инвестираа за развој на сите образовни сегменти, за сега, да гледаме кратење по сите основи.

Граѓаните треба да знаат дека СДС и Заев со ребаланс на буџетот скратија пари за изградба на основни училишта, за средни училишта, за спортски сали, за опремување на училници, за изградба на факултетски објекти, за поддршка на Универзитети, и за многу други суштински работи.

Господа од СДС,

Крајно лицемерие е пред избори да ветуваш нови студентски домови и реконструкција на постојните, а кога ќе седнеш во влада од буџетот за изградба и реконструкција на студентските домови да скратиш цели 155 милиони денари.

Безобразно е да ветуваш грижа за идните поколенија, а од позиција на власт од буџетот да скратиш 116 милиони денари за изградба на спортски сали во основните и средните училишта.

Недозволиво е за време на избори да зборуваш дека е потребна изградба и реконструкција на училишта, а сега од позиција да кратиш 55 милиони денари за истите.

СДС крати дури 237 милиони денари кои беа обезбедени за опремување на училиштата со современи интерактивни училници.

Измама на гласачите со албанско етничко потекло е пред избори да им ветуваш сé, а кога си премиер да кратиш милиони наменети за Институтот за духовно и културно наследство на Албанците.

Врв на лицемерие е кога пред избори ветуваш подобро високо образование и повеќе средства за наука, а еден месец откако ќе седнеш во влада да кратиш цели 213 милиони денари планирани за Универзитетот во Тетово, за Охридскиот универзитет „Св. Апостол Павле“, за ФИНКИ и Факултетот за физичко образование, спорт и здравје при скопскиот универзитет „Св. Кирил и Методиј“ и за научните институти.

Срамно е да ветуваш квалитетно високо образование во време на избори, а кога си на власт да кратиш цели 35 милиони денари наменети за превод на современа стручна литература од светски познати автори.

Ова е вистинското лице на СДС, кратење, укинување и блокирање. За СДС, доброто и интересот на граѓаните и државата никогаш не биле на прво место. Секогаш во преден план им е сопствениот комодитет и затоа одвојуваат пари за полнење на нивните трпези со морски плодови, а немаат пари за студентски домови, за изградба и реконструкција на училишта, изградба на спортски сали и превод на книги“, изјави Ирена Попова.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ