(ВИДЕО) Велковски: Насилно сопрено возило во кое биле пренесувани 12 мигранти

Од:

Во утринските часови, на автопатот кај рафинеријата Окта, од страна на полициски службеници сопрено е патничко моторно возило Мерцедес С класа во коe биле пренесувани 12 мигранти, од кои 11 Пакистанци и еден Еѓипќанин.

Четворица од нив биле во гепекот на автомобилот, а останатите внатре во возилото кое биле управувано од страна на лицето Б.К., информираше новиот директор на Бирото за јавна безбедност, Лазо Велковски.

Насилното сопирање на возилото траело околу еден час, возачот на автомобилот, патарината кај Велес ја поминал со огромна брзина при што ја скршил рампата. Во едночасовните обиди, од страна на полицијата биле поставени неколку препреки со цел да се сопре возилото кое пренесувало мигранти, но возачот успешно ги поминал.

МВР во соработка со Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во текот на вчерашниот ден спроведе координирана акција на неколку локации во државата при што биле извршени претреси во домови и други простории по наредба на судија на претходна постапка кај лица осомничени за кривични дела – Криумчарење мигранти по член 418-б и Организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со малолетно лице и криумчарење на мигранти по чл.418-в од Кривичниот законик.

По претресот најдени се шест моторни возила, 27 илјади евра во кеш, пиштол, мобилни телефони и сим картички.

Како организатори на криумчарењето мигранти се јавуваат лица од блискиот исток како и македонски државјани.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Трагедија во Хрватска – пет мигранти се удавија во реката Купа

А1он

(ВИДЕО) Шпанската полиција со гумени куршуми и пендреци ги отстранува мигрантите од плажите во Сеута

Предраг Петровиќ

ЕУ подготвува построги правила за азил и побрза депортација на мигранти по кризата во Сеута

Трамп со жестока порака за Шпанија: „Имате нула контрола врз границите“

Шпанските разузнавачи тврдат: Мароко го организирал масовниот упад во Сеута

Тунис: Телата на 19 мигранти пронајдени по потонувањето на брод