ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните немаат обврска да ги плаќаат гастрономските желби на Заев и СДС

Од:

„За само еден месец граѓаните имаат можност да го видат расипничкиот живот на висока нога, кој милуваат да го живеат министрите од владата на СДС.

Уште веднаш заборавија на сите нивни изјави дека државата тоне во сиромаштија и тргнаа да си ги исполнуваат своите гастрономски желби.

Службата за општи и заеднички работи при владата објави оглас за набавка свежа риба, замрзната риба, октоподи и морски плодови кои ќе бидат на менито на функционерите од СДС во вредност од 400.000 денари.

Како навиени пред изборите повторуваа дека граѓаните живеат со 40 денари дневно, а уште првиот месец трошат стотици илјади денари на морска храна, октоподи и риби.

Згора на се, наместо штедење како што најавуваа, тие ги вработија сите оние таканаречени граѓански активисти кои сееја магла дека државата тоне во сиромаштија.

Замислете, министерството за надворешни работи објави оглас за набавка на цвеќиња во вредност од 305.700 денари. Потенцирам 305.700 денари оглас за набавка на цвеќиња.

Лицемерието како појава кај СДС, од ден во ден станува професија.

Реформската влада на СДС која најавуваше штедење и одговорно работење преку ноќ заборави што се ветуваше.

Тоа е начинот на работа на СДС.

Го повикуваме директорот на СОЗР, Пеце Мирчевски, заедно со Зоран Заев, да не се расфрлаат со парите на граѓаните и уште веднаш да ги поништат огласите. Граѓаните немаат обврска да ги плаќаат гастрономските желби на Зоран Заев и СДС.

Парите на граѓаните не се лични пари на СДС и Заев. Треба да се трошат одговорно, а не за задоволување на свои лични елитистички желби и за разубавување на работната атмосфера на министрите. Ова на граѓаните не им носи подобар живот“, изјави Коче Гаврилов, член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Фрчкоски: ДКСК да ја прошири истрагата за Андоновски со новата фирма „Нома солушнс“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Фрчкоски: Трансформирање на тендери од 1,5 милиони евра во министерството на Андоновски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Мицкоски брутално ја задолжува Македонија – 4 милијарди евра за само две години

Филипче: За две години потрошувачката кошничка е покачена за околу 10.000 денари, а платите не мрдаат

(ВИДЕО) Филипче: Тажен почеток на училишната година, 3.000 помалку деца, 433 паралелки помалку, затворени 26 училишта

(ВИДЕО) Кузеска: Под радарот течат матни зделки на Мицкоски за дата-центри, а ВМРО-ОКГ со лаги ги прикрива

Горан Наумовски