Груевски: Зголемувањето на даноците ќе има повеќекратни штети врз економијата

Од:

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска во Битола оцени дека зголемувањето на даноците ќе има повеќекратни штети врз економијата.

– Секое зголемување на даноците негативно се одразува на економијата. Тие (СДСМ) во својата програма имаат најавено зголемување на персоналниот данок на доход, а информиран сум дека планираат и зголемување на данокот на добивка и на придонесите и тоа ќе го прават постепено, а не одеднаш. Тоа ќе биде многу лошо за компаниите, за инвеститорите, бидејќи ќе ги влоши условите за работа и ќе ги зголеми нивните трошоци, а тоа значи дека ќе ги присили да ги намалат инвестициите. Штом ги намалат инвестициите практично ќе дојде до намалување на отворањето нови работни места, изјави Груевски.

Тој посочи дека Македонија била држава со најниски даноци во светот, со ефективна даночна стапка од 7,4 проценти и оти не случајно доаѓале многу инвеститори во државата.

– Имавме многу добри услови за инвестирање, а една од компонентите што ги привлекуваше беше тоа што имавме најниска ефективна даночна стапка од 7,4 отсто како сублимат на сите даноци. Но, штом ќе почне даноците да се зголемуваат, практично ќе ја изгубиме таа придобивка и инвеститорите ќе го намалат интересот за инвестирање во Македонија. Може да се случи да ги одлагаат инвестициите или ќе се воздржуваат, а тоа значи помалку нови работни места, нагласи Груевски, додавајќи дека со економските политики на ВМРО-ДПМНЕ биле отворени 172.000 нови работни места.

Според Груевски, со зголемувањето на даноците ќе се зголеми и сивата економија.

Би можело да ве интересира

Груевски: Македонија станува протекторат, народот прави црни листи на избори, а не други држави

Врховниот суд пресече за „Плацеви на Водно“ – за Груевски останува казната од Апелација

Османи: Груевски треба да биде во Македонија и тука да се соочи со правдата

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Џафери: Добив материјал со измените на Кривичниот законик, но не од Груевски

A1on

Мицкоски: Преписката со Груевски не ме прави среќен, но нема да прифатам валкани сценарија за промена на Уставот

А1он