Влен: За враќање на Груевски, претставници на ДУИ, СДСМ и Пендаровски во март се сретнале во Вила Водно

Од:

Дритон Суљејмани од „Влен“ на денешната прес-конференција нагласи дека за враќање на поранешниот премиер Никола Груевски од Будимпешта во март во Вила Водно се сретнале претставници на ДУИ, СДСМ и поранешниот претседател на државата Стево Пендаровски.

-Високи експоненти на ДУИ оркестрираа враќање на поранешниот премиеро Никола Груевски во Скопје. Ова партија т.н. албанска, тивко работеше за враќање на теророт на Албанците – Груевски, само да го продолжи нејзиното владеење. Сега се обидуваат да го покријат нивниот неуспешен план, но ние ќе зборуваме гласно додека секој граѓанин каде и да живее не ја разбира горчливата вистина што се крие зад амблемот на оваа партија. Во Вила Водно имаше средба за враќање на Груевски. На оваа средба што се одржа во март учествуваа Стево Пендаровски, Димитар Ковачевски, Али Ахмети, Бојан Маричиќ, Артан Груби и Бујар Османи. Али, кој има толкава носталгија за Никола Груевски кој толку многу и нанесе зло на Албанците, нагласи дека истиот може да се врати на два начини, и тоа преку помилување од претседателот на државата или преку „нашите луѓе“ како што кажуваат тие во судовите, рече тој.

Како што кажа Суљејмани, Ахмети и ДУИ за да го спроведат својот план за ослободување на Груевски вршеле силен притисок врз Врховниот суд, но тука наидоа на отпорот на претседателката на овој суд Беса Адеми против која подоцна беше покрената иницијатива за разрешување како резултат на непослушност кон наредите.

-„Влен“ веќе два дена јавно го прашува ДУИ и Али Ахмети зошто сета ова носталгија за Никола? Што ве спојува вас? Што ви сторија Албанците за да им го вратите Груевски? Али не молчи. Излези и кажи им на Албанците какви случаи си планирал да монтираш заедно со Груевски, со тоа што ги жртвуваш Албанците? Албанскиот народ и целата држава очекува одговорност. Нема начин да се избегне правдата, која ќе допре до вас и до сите оние кои ја злоупотребиле својата моќ. Заврши времето на политички игри. Албанците бараат правда, вистината и крај на скандалите кои ја втурнаа оваа земја во мрак, потенцира Суљејмани.

Би можело да ве интересира

Кавга меѓу ВЛЕН и Бујар Османи за „српски свет“

СДСМ: По Груевски, слободен е и Латас – јасен доказ дека Мицкоски управува со Обвинителството

СДСМ: Ослободувањето на Груевски е уште еден доказ за контролираното правосудство

ВЛЕН: Со реформи и силно партнерство, Македонија напредува кон ЕУ

Хита: Полицијата пронашла законски пречки за едно лице на „Ќафасан”, другите три што го придружувале сами одлучиле да не го продолжат патувањето

ВЛЕН: Албанија да објасни зошто тројца наши функционери беа задржани на Ќафасан

Катерина Ѓуровски