Кривопаланечките планинари на Рилски езера

Од:

Триесет планинари од Здружението за планинарење и заштита на планината „Калин Камен” од Крива Паланка вчера се искачија на седумте Рилски езера на планината Рила во Република Бугарија.

– Успешно реализиравме уште една од предвидените планинарски тури за оваа календарска година. Вкупно триесет планинари уживаа во убавината на планината, а временските услови кои беа идеални за планинарење ја направија акцијата уште едно незаборавно искуство, изјави претседателот на „Калин Камен” Мартин Митровски.

До традиционалната акција за искачувње на Руен, рече, претстојат уште неколку акции во текот на овој и наредниот месец.

– Нашата традиционална акција за искачување на Руен, највисокиот врв на Осоговските Планини, е закажана за 10 септември. Очекуваме стотици планинари од друштвата од Македонија и соедството. До тогаш, кон крајот на овој месец претстои искачување на Триглав во Словенија и неколку други акции, додаде Митровски.

Би можело да ве интересира

Вонредна состојба во југозападна Бугарија: Поројни дождови ги поплавија населбите

(ВИДЕО) Иран: Немаме проблем со Бугарите, но имаме право да го нападнеме изворот на агресијата против нас

Крум Ефремов ќе биде македонски амбасадор во Софија

Катерина Ѓуровски

Украина: Не го насочивме дронот кон Бугарија

Паника во Бугарија: Тешко вооружен дрон експлодира на бугарска територија

ВИДЕО: Брод со 238 луѓе се насука на Дунав поради многу ниско ниво на водата