Стаменковска: 9 милиони денари годишно Македонија ќе им плаќа на профитерите кои глумеа невладин сектор

Од:

„Зоран Заев започна да ги плаќа фактурите за неговото нелегитимно и насилно доаѓање на власт.

Најмалку 9 милиони денари годишно од парите на македонските граѓани, антиреформската влада на СДС ќе им плаќа на луѓето кои го уништија невладиниот сектор одработувајќи за интересите на владејачката партија.

Најмалку 9 милиони денари годишно чини бруто платата која ќе ја земаат 13 т.н. специјални советници на Зоран Заев, кои дефинитивно докажаа дека нивната цел никогаш не била да бидат невладин коректив на власта, туку да седнат на фотелји и да станат владини чиновници.

9 милиони денари годишно Македонија ќе им плаќа на профитерите кои изминативе години додека глумеа невладин сектор направија стотици илјади евра штета, сквернавеа споменици, уништуваа државен имот, ја палеа и ограбуваа канцеларијата на Претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов.

9 милиони денари годишно е сумата која наместо да се искористи за повисоки пензии, социјална помош или лекување на болни деца, ќе им биде плаќана на овие профитери и одработувачи како што се: Зоран Бојаровски, Бојан Маричиќ, Дане Талески, Марјан Забрчанец, Петрит Сарачини, Никола Наумовски, Петар Арсовски, Ѓунер Исмаил, Бранимир Јовановиќ, Мирослав Грчев и многу други сеачи на магла.

Граѓаните мора да знаат дека 9 милиони денари чини само последниот конкурс за советници на Зоран Заев, а целосната сума е неколкукратно поголема кога ќе се соберат сите вработувања во владата на екс-невладините профитери кои одработуваа сето ова време за СДС, криејќи се зад превезот на невладиниот сектор.

Наместо сите граѓани да добијат 500 евра просечна плата како што им ветуваше Заев, оваа сума ќе ја видат само неколкуте десетици најзаслужни профитери и одработувачи за интересите на СДС и Зоран Заев кои ги лажеа во очи граѓаните дека ги бранат нивните интереси како коректив на власта, а имаа за цел да го бранат интересот на аболицираниот криминалец кој за истото дебело ги наградува“, изјави Невенка Стаменковска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он

(ВИДЕО) Ковачевски: Најлесно е да се гласа против, само со глас За може да одиме напред кон просперитет

А1он

Битиќи: Први во регионот според слободата на медиумите – затоа да гласаме за бројот 1

А1он

(ВИДЕО) Стевановиќ и Маричиќ: Реформите ни носат системски промени и европски фондови

А1он

ЗНАМ: Квази социјалдемократот Филипче е еден од најодговорните за состојбата во СДСМ

А1он

Лукаревска од Македонска Каменица: На 8 мај гласајте за силен СДСМ, сега е најважно да не се враќаме назад

А1он