(ВИДЕО) Костовски: Постапката за уривање на „Космос“ е законска

Од:

Специјалното јавно обвинителство е партиска испостава на СДС. Неговата работа е селективна и има за цел да крева „димни завеси“ секогаш кога неговата матична партија и Зоран Заев прават пазари со националните и државните интереси, рече Дарко Костовски, ВМРО-ДПМНЕ.

Според него во таа насока се и селективните и тенденциозни обвиненија што ги креираат за функционери од ВМРО-ДПМНЕ.

– Целта е елиминација или ослабување на ВМРО-ДПМНЕ и слабеење на држата. Гревот поради кој се води оваа хајка против ВМРО-ДПМНЕ е тоа што не отстапуваме од одбрана на државните и национални интереси.

– Работата на СЈО нема никаква врска со правото рече Костовски и дополни дека обвиненијата се покранети апсолутно без било какви докази или аргументи.

Тој за пример го зема случајот „ТНТ“ за што изјави дека градбата не е градена според план.

Костовски рече дека СЈО ги исполнува желбите на Заев без докази да покренува обвинение за случај кој лесно може да се провери дека е дивоградба.

Според него, целата постапка на уривање на „Космос“ е законска и доколку не била урната градбата требало да не се испочитува Законот.

– Со цел да се напраи политички спектакл СЈО покрена обвинение за сосема законски случај како што е рушење на оваа дивоградба. Целта на СЈО и Заев не е правдата туку нејзино гушење, додаде Костовски.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус