ВМРО-ДПМНЕ: МАНУ призна дека Заев ниту ги консултирал, ниту побарал мислење за договорот со Бугарија

Од:

„МАНУ вчера призна дека Зоран Заев ниту ги консултирал, ниту побарал мислење пред да ги прифати деталите од договорот со Бугарија.

Ова е скандал! Наместо најавените дебати за сите прашања, да не се побара мислење од највисоката научна институција за прашање кое задира во идентитетот на Македонскиот народ и држава е исклучително опасна игра.

Заев во Софија најави дека ги договорил сите аспекти, освен еден ситен детал кој можел да се усогласи на едно пиење кафе. Заев кажа дека се согласил да се менуваат учебниците по историја, но не кажа што ќе се брише од нив.

Остануваат помалку од четири недели, а никој не знае што содржи договорот во кој што требало да се уреди само уште некој ситен детал.

Највисоката научна институција во Република Македонија мора да покаже интерес за ова прашање, а не само да констатираат дека не се запознаени, оставајќи отворен простор да се протне било што.

Претседателот на МАНУ, Таки Фити има обврска да ги брани државните и национални интереси. Таки Фити треба да покаже дека македонските академици не се исплашени и не се клиентелистички расположени кон Зоран Заев како што тврдат функционери од Бугарија.

Вчерашната реакција која во најголем дел беше посветена на ВМРО-ДПМНЕ не помага во заштита на македонските интереси. ВМРО-ДПМНЕ ниту учествуваше во преговорите, ниту има информации на што се Заев дал согласност во Софија. Единствено што ВМРО-ДПМНЕ бара е транспарентност.

Зарем МАНУ и академиците не се најповикани да учествуваат или барем да кажат став за заштитата на македонскиот идентитет, јазик, историја и култура.

Академиците од МАНУ штом ќе бидат информирани за содржината на договорот имаат обврска да заземат став и да ги штитат националните и државните интереси.

Академиците имаат обврска пред граѓаните да ги информираат за сите ризици и опасности по националните интереси кои произлегуваат од договорот.

Таки Фити како претседател на МАНУ треба да се засрами што ја довел во ваква ситуација оваа висока научна институција. Тој со својата незаинтересираност за вака сериозно прашање само оди на линија на обвинувањата на директорот на Бугарскиот национален музеј дека е исплашен за својата работа и позиција и дека Зоран Заев може лесно да го избрка од работа.

МАНУ и сите релевантни институции треба да престанат да молчат и да се кријат. Тие треба да се придружат на барањето на мнозинството граѓани за транспарентност и дебата.

ВМРО-ДПМНЕ се залагало и ќе се залага за градење добрососедски односи со Бугарија, базирани на взаемно почитување без да се загрозат прашањата кои имаат идентитетски карактер за нашиот народ и нашата држава“, изјави Зоран Илиоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Цветановски: САД гледаат со кого Мицкоски и Стоилковиќ се „стратешки партнери“ со „Ноќните волци“ на Путин

Горан Наумовски

СДСМ: Само техничка влада може да овозможи фер избори

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче категоричен: Мицкоски бара алиби за предвремени избори, СДСМ нема да биде покритие за ова сценарио

Горан Наумовски

СДСМ: За криминалната ВМРО членството во НАТО е „срам за граѓаните“

СДСМ: ВМРО намерно ги стопира ЕУ интеграциите