ВИДЕО: „Блиска средба“ со отровна змија

Од:

Една од најопасните отровници во светот е црната мамба, која живее на подрачјето на Субсахарска Африка, главно во источниот дел на континентот.

Екипа на „Нешанл Џиографик“ го сними Ник Еванс, член на организацијата „Ква Зулу Натал за зачувување на водоземците и влекачите“, како фаќа една од овие змии, која се провлекла во куќа во јужноафриканскиот град Дурбан.

Видеото го прикажува Еванс како со помош на „маша“ ја вади змијата од под комодата за телевизорот, потоа ја насочува кон кутијата, за на крајот да ја фати со голи раце. Во почетокот земијата е мирна, но набрзо станува многу вознемирена и секако опасна.

– Ако има можност, мамбата попрво ќе побегне отколку да се бори. Во ситуација кога ќе се соочи со закана, таа „потсвирнува“ и ги покажува забите. Јас живеам за вакви моменти, изјави Еванс за „Нешанл Џиографик“.

Змијата е долга 2,5 метри, а Еванс имал среќа затоа што помина без повреди. На змијата, која исто така помина без повреди, набрзо и е вграден чип и е пуштена во дивината.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Питон со часови давеше жена во Тајланд, полицијата шокираше од глетката

Предраг Петровиќ

Трет каснат од змија во Велешко за 10 дена

ВИДЕО: Огромна змија снимена во Мостар

Предраг Петровиќ

Во Скопје: Прв случај на каснување од змија, надлежните апелираат на внимателност за време на летото

ЦУК: Пријави за змии во населени места

Тирана: Девојче на училиште е каснато од змија, итно е пренесено во болница