Нова серија земјотреси во Охрид, најсилниот 3,7 степени

Од:

Нова серија од седум земјотреси изминатата ноќ повторно го потресе охридскиот регион. Најсилниот со магнитуда од 3,7 степени според Рихер е регистриран изутринава во 7:18 часот.

Две минути пред овој земјотрес е евидентиран уште еден со Рихтерова магнитуда од 3,3 степени.

Преостанатите четири земјотреси се случија во 1:07 часот по полноќ со манитуда од 3,3 степени, во 2:52 часот (2 степена), во 3:07 часот (2,2 степени) во 4:32 часот (3,1 степен) и во 6:54 со магнитуда од 2,8 степени.

Епицентарот на сите земјотреси бил во охридското епицентрално подрачје.

Од 18 јуни до денеска во Охридскиот регион се регистрирани над 1.000 земјотреси. Најсилниот регистриран земјотрес досега беше од 5 степени по Рихер кој предизвика вознемиреност кај жителите и туристите, а беа пријавени и помали материјални штети.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Црна Гора

А1он

Земјотрес во Црна Гора во близина на Никшиќ

Утринава најстудено беше во Берово, а најтопло во Охрид

Земјотрес во Русија

Два земјотреса за еден час во Романија

А1он

(ВИДЕО) Објавена е „црвена тревога“ во епицентарот на земјотресот на Филипините

Горан Наумовски