Меркел: САД ќе бидат изолирани за климатските прашања на самитот на Г-20

Од:

Самитот на Г-20, кој почнува утре, ќе ја потенцира изолацијата на САД во однос на климатските прашања, бидејќи многу земји се одлучни да продолжат да дејствуваат согласно Париската спогодба за климата, изјави денеска германскиот канцелар Ангела Меркел.

– Разговорорите за климатските промени со САД нема да бидат лесни, откако претседателот на САД Доналд Трамп го објави во јуни повлекувањето од спогодбата за борба против климатските промени, прогнозира Меркел, која е домаќин на самитот.

– Ние секако нема да ги криеме разликите, напротив ќе ги посочиме, бидејќи разлики во мислењата има за некои клучни прашања, додаде таа.

Советниците на лидерите на 20-те најразвиени економии во светот, кои неколку дена работат на заклучоците на декларацијата на самитот се ориентираа кон текст, кој констатира несогласуања во однос на климата.

Конечниот текст би требало да нагласи дека Париската спогодба за климата е неповратна.

Во меѓувреме во Хамбург вечерва избувнаа судири меѓу неколку илјади лица кои простерааа против самитот на Г-20 и полицијата, која употреби солзавец и водени топови за да ги растера демонстраните.

Во протестот учествуваа околу 12 илјади лица, меѓу кои аниглобалисти, анархисти, левичари и обични жители на градот.

Судирите избија, која полицијата се обиде да острани од толпата неколку стотини екстремисти, облечени во црно и со маски на главите. Демонстрантите фрлале со камења и шишиња кон полицајците, а меѓу ранеите е и портпаролот на локалната полиција.

Би можело да ве интересира

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас

Америка: Скијачи загинаа во лавина на планината Лон Пик во Јута

Брнс се врати во Каиро за да преговара за прекин на огнот во Појасот Газа

(ВИДЕО) После серија моќни торнада, 50 луѓе затрупани во урнатините во Мичиген

Горан Наумовски

Америка ја прекина испораката на бомби во Израел

Стејт департмент: Ескобар не е сменет, ќе добие нова функција во рамките на редовната ротација