СДСМ: Заврши времето на избрзани и наметнати решенија, се создава основа за реформи за квалитетно образование

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на изјавата на Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДППМНЕ преку погубни политики, избрзани и непотребни проекти, со години системски го уништуваше образованието. Доказ за тоа се бројните рангирања на престижни меѓународни институции и организации кои образованието во Македонија редовно го рангираа како едно од најлошите во Европа, како и ПИСА тестирањето на кое поради лошиот образовен систем, учениците од Македонија имаат едни од најлошите резултати во светски рамки.

Секој таканаречен проект на ВМРО-ДПМНЕ во образованието го девалвираше образовниот систем и беше на директна на штета на наставниците учениците и нивните родители.

Новата Влада предводена од СДСМ ја запира Кембрич програмата во средните училишта со цел да се спречат далекусежни и огромни штети во образовниот процес, како резултат на уште една избрзана и непроверена програма, наметната од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

Заврши времето кога ВРМО-ДПМНЕ можеше тајно и насилно, за нечии бизнис интереси, да го уништува образованието со неквалитетни решенија кои одеа на штета на целокупниот образовен систем. Владата предводена од СДСМ заедно со граѓаните, создава здрава основа за темелни реформи кои ќе овозможат квалитет во образованието и кои ќе бидат во интерес на учениците, студентите, наставниците и професорите“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски