Ангела Меркел со осуда за меѓународната политика на новата американска администрација

Од:

Германскиот канцелар Ангела Меркел го осуди приодот на претседателот Доналд Трамп кон меѓународната политика, критикувајќи ја позицијата на администрацијата во Вашингтон за прифакање на определбата- победници и губитници- во светските односи, наместо фокусирањето кон соработка.

Во интервју за весникот „Ди Цајт“ непосредно пред утрешниот Самит на групата Г20 во Хамбург, Меркел изјавила дека Германија заговара соработка во меѓународните односи, во интерес на сите, додека администрацијата на САД , на тоа повеќе гледа како на процес , на оние кои добиваат и оние кои губат.

Меркел смета дека погледите и ставовите на еден од советниците на Трамп, за тоа дека на светот треба да се гледа како на арена (за борба) , а не како на глобална заедница , се сосема спротивни од позициите кои ги има Германија и нејзината влада.

Во интервјуто за „Ди Цајт„ германскиот канцелар рекла дека секоја земја треба да има полза од економските процеси, а не само некои и изразила разбирање и подршка за предлозите на францускиот претседател Емануел Макрон, за потребата од создавање на една „економска влада„ за земјите од евро-зоната и за постоење на еден европски министер за финансии, за оваа заедница.

Меркел очекува дека на Самитот Г20 разговорите ке бидат тешки, посебно околу договорот за климата и за трговијата, но рекла дека проблемите „нема да се ставаат под тепих„ и да се заобиколуваат.

Меркел која претседава со годинешниов Самит, се очекува да има „тврди разговори„ со американскиот претседател Трамп на кои се очекува да дојдат до израз разликите околу кои се судираат двајцата лидери.

Германија и Меркел од порано ја критикуваат определбата на Вашингтон за анти-глобализација, промовирајќи ја политиката која ја заговара Трамп за „Америка пред се„ како и повлекувањето на САД од договорот за климата и за климатските промени.

Би можело да ве интересира

Трамп планира да ги исфрли сите трансродови луѓе од војската на првиот ден на функцијата пишува „The times“

Катерина Ѓуровски

НАТО соопшти за што разговарале Руте и Трамп

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот