ВМРО-ДПМНЕ: Заев потврди дека Александар Обрадовиќ е во најтесен круг за директор на ЕЛЕМ

Од:

„Од она што стравуваше македонскиот народ, тоа Зоран Заев ќе го оствари.

Вчера на прес конференцијата Зоран Заев потврди за целата македонската јавност дека балканскиот мешетар Александар Обрадовиќ е во најтесен круг за избор на директор на една од најбогатите фирми во Република Македонија, ЕЛЕМ.

Македонската јавност прашува како е можно Зоран Заев да го планира за директор на ЕЛЕМ, човекот кој бил набркан од позицијата директор на Електропривреда на Србија поради хедонизам, луксуз и неодговорно работење.

Изгледа дека за СДС и за владата на Заев не преставува никаков проблем што мешетар и неуспешен кадар од Србија ќе биде увезен за директор на најбогатата државна фирма ЕЛЕМ.

Медиумите во Србија за него пишуваат, а нашите медиуми преносоа дека плаќал 10 милиони евра за советници во време кога бележела загуби неговата фирма:

o дека доделувал тендери за консултатски услуги со не му блиски фирми;
o дека плаќал милионски суми само за промена на лого на фирмата во која претходно работел;
o дека трошел милиони за семинари;
o дека не почитувал правила за заштита на животната средина и на тој начин блокирал преговори со Светската банка;
o дека ангажирал ТВ ѕвезди во Електропривреда на Србија;
o дека ужива да летува во монденски места;
o дека не ја осигурал ЕПС од поплави, заради што фирмата претрпела штети од стотици милиони евра во време на големите поплави во Србија во 2014-тата година;
o и уште многу други афери и скандали поврзани со името на Александар Обрадовиќ.

Ваков човек Зоран Заев фаворизира за директор на ЕЛЕМ и покрај тоа што целата јавност говори за неговите скандали, несовесно работење и неодговорност. Тоа говори дека Заев свесно има намера да го именува Обрадовиќ по секоја цена.

Цела јавност се прашува која е целта за негово ангажирање, дали тоа е испумпување на милиони евра од касата на ЕЛЕМ или тоа е подготовка на фирмата за нов бонбона бизнис?

Зошто молчи за ова вице премиерот Кочо Анѓушев, дали и тој се согласил ваков матен лик да го води столбот на македонскиот енергетски систем?

Да потсетиме македонските хидроцентрали и термоелектрани, 4.800 вработени и 98% од домашното производство на струја ќе бидат доведени во прашање.

Премногу е сериозно за ова да се премолчи“, рече Орце Ѓорѓиевски.

Би можело да ве интересира

СДСМ денеска на конгрес ќе ги избира највисоките тела на партијата

А1он

СДСМ утре ќе го одржи 30. Конгрес на кој ќе избере ново раководство

Кузеска: За хаосот во Скопје најголема вина имаат Мицкоски и ДПМНЕ

Петрушевски: Бизнис интересот на СДС и ДУИ направи граѓаните да плаќаат поскапа струја

СДСМ најостро го осудува палењето на возилото на претседателот на ОО Кривогаштани

Катерина Ѓуровски

Филипче: Да градиме мостови на разбирање и соработка