Чоколадна обланда готова за 10 минути

Од:

Ќе уживате во ова слатко задоволство кое многу брзо ќе го подготвите …

Потребно ќе:
1/2 л млеко
1/2 кг шеќер
4 лажици брашно
1 јајце
100 гр чоколадо + 50 гр за украсување
1 маргарин
обланди

Подготовка:
– Во еден сад помешајте ги сите состојки и ставете ги да се варат на тивко додека не добиете хомогена смеса.

– Добиената смеса оставете ја малку да се излади и прелијте ја рамномерно преку едната обланда. Одозгора ставете ја втората обланда и повторно нанесете го кремот. Истото направете го и со третата обланда и повторно прекријте ја со кремот.

– Вака наредената обланда покријте ја со пластична фолија и ставете нешто тешко одозгора за да обландата добие поубава форма.

– Потоа тргнете ја фолијата и украсете ја обландата со изрендано чоколадо. Исечете ја на парчиња и сервирајте.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска