Полнети и запечени компири

Од:

Потребно е:
700-800 гр компири
120 гр димена месната сланина, исецкана на коцки
120 гр крем сирење
50 гр путер
сецкан магдонос
сол, бибер
мешан сув зачин
оригано

Подготовка:
– Компирот убаво измијте го и ставете го да се вари со лушпа во солена вода. По 15 минути (пазете-компирот треба да биде половично сварен), исцедете ја водата, прелијте го компирот со ладна вода, исцедете го и излупете го.

– Секој компир исечете го на половина, издлабете ги средините. Пазете да не ви се распарча некој од компирите.

– За филот, измешајте ги крем сирењето, омекнатиот путер, сецканиот магдонос. Потоа во оваа смеса додадете ја сецканата сланина и сецканата средина од компирите. Зачинете со сол и бибер по вкус.

– Со филот полнете ги издлабените половини од компирите и наредете ги во тава обложена со хартија за печење.

– Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 20 минути додека не се растопи сирењето и филот да добие златна боја.

– Послужете топло.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска