Либискиот командант Хафтар прогласи победа во Бенгази

Од:

Водачот на самопрогласената Либиска национална армија (ЛНА), генерал Калифа Хафтар, соопшти дека неговите вооружени сили го ослободиле источен Бенгази, по неколкугодишна борба со исламистите.

– Градот сега влегува во нова ера, во време на безбедност, мир и помирување, изјави Хафтар, кој себе се смета за фелдмаршал.

Доколку ова соопштение се покаже како точно, тоа ќе претставува значајна победа и силен напредок на политички план за овој некогашен командант и генерал на поранешната либиска армија, од времето на Моамер Гадафи.

ЛНА, меѓутоа, не е призната од исламистичката Влада во Триполи, која ја има подршката на ОН и на меѓународната заедница.

Министрите во оваа влада не веруваат во Хафтар, ниту во неговата борба, тврдејќи дека тој само сака да ја зграби власта и да воспостави автократија.

Во своето обраќање преку телевизијата, генералот изјави дека по „повеќе од три години борби со терористите и нивните помагачи и агенти, Бенгази е конечно целосно ослободен“.

Насилната смена од власт на Гадафи во 2011 година, наместо очекуваната стабилизација, Либија се претвори во зона на хаос и безвластие.

Земјата и натаму нема централна власт и со неа управуваат две влади, а нема ми Парламент и ни безбедносен систем што ја контролира целата територија на државата.

Наместо тоа, Либија стана терен за дејствување на разните исламистички милитантни групи, меѓу кои и Ал Каеда и Исламска држава, а во последните години зајакнаа и сепаратистичките сили кои заговараат одделување на источна Либија и Бенгази од другиот дел на земјата.

Владата во Триполи тврди дека генерал Хафтар е наклонет кон сепаратистичкото движење во источниот дел од земјата, од каде пред шест години и почна бунтот на исламистите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драматичнa ситуација во Дерна: Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините

На плажа во либискиот град Дерна пронајдени се 400 тела

(ВИДЕО) Морето исфрла тела на жртви од Дерна стотици километри подалеку

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се стравува дека во Либија загинале 20.000 луѓе: „Бранот од седум метри урна згради во морето“

Уништените брани кои ја предизвикаа катастрофата во Либија ги изградија југословенски компании

(ВИДЕО) Либија: Морето постојано исфрла десетици тела

Горан Наумовски