ВМРО-ДПМНЕ: Макрадули за 15 години во политиката не реализира некаков проект

Од:

ВМРО-ДПМНЕ во денешната реакција на изјавата на Јани Макрадули вели дека тој нуди само конфликти и кавги, а ВМРО-ДПМНЕ работи конкретни проекти.

– Тој е 15 години во врвот на СДСМ и се занимава со политика, а не искористил ниту една можност да реализира некаков проект или да стави еден единствен камен во објект за своите сограѓани. Тој беше и советник во Советот на Општина Центар, но наместо иницијативи за изградба на градиники, со својот сопартиец Грчев учествуваа во нагрдувањето на градот Скопје, создавањето на урбаниот хаос и донесувањето на деталниот урбанистички план за малиот ринг со кој засекогаш се блокираа сообраќајните планови за централното градско подрачје на Скопје, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Во реакцијата се наведува дека ако веќе Јани Макрадули поздравува иницијативи тогаш тој треба да има доволно доблест да ги поздрави проектите на Владата со кои се изградија и нови градинки, нови училишта, детски и спортски игралишта, како во Скопје, така и на целата територија на Република Македонија.

– Во градот Скопје после 25 години се изгради нова градинка во Ѓорче Петров, а во завршна фаза на реализиција се и градинките во Гази Баба, Аеродром и Сарај. Дополнително проширени се капацитетите на речиси сите градинки. Исто така се предвидени и нови работни места и тоа за 252 негувателки и воспитувачи, како и за 54 стручни логопеди, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: Денешната седница беше перфиден театар на ДПМНЕ и ДУИ – не помина предлогот за фер конкуренција

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: СДС си го плаќал идеологот Фрчкоски со 200 илјади евра преку Еразмус +

Катерина Ѓуровски

Лефков: Дали јахтата на која плови Филипче е на Заев и чини 850 илјади евра?

ВМРО-ДПМНЕ повторно го повикува обвинителот Коцевски да се поднесе оставка

Катерина Ѓуровски

Човекот на фотографијата што ја објави Лефков, не е приведениот за подметнување пожар, реагира СДСМ

Катерина Ѓуровски

Возачот-потпалувач бил со Заев кога ги носеше „бомбите“ во СЈО, ВМРО-ДПМНЕ со фотографија тврди му бил близок

Катерина Ѓуровски